Поп ѕвездата Џенифер Лопез вчера ги изненади своите фанови кога сподели фотографии кои загрижија многумина.
Џенифер Лопез на својата Инстаграм приказна сподели фотографија од болна исеченица на носот. Друго видео покажува како ја лади повредата со мраз. Таа откри дека несреќата се случила за време на пробите за претстојните American Music Awards каде ќе биде водител, пишува People.

Во следната приказна на Инстаграм, Џеј Ло откри дека побарала помош од д-р Дајмонд за повредата, коментирајќи: „Една недела подоцна, многу мраз и како нова сум“.

Џенифер Лопез ќе го води доделувањето на наградите
Доделувањето на наградите е закажано за 26 мај во Лас Вегас, па латино дивата има помалку од две недели за целосно да закрепне. Ова ќе биде нејзино триумфално враќање на сцената АМА, точно десет години откако таа првпат беше водител на настанот во 2015 година.
Минатата година, таа зборуваше за нејзиниот настап во 2015 година во снимено интервју за 50-годишнината од American Music Awards .
– Прилично неверојатно, нели? Педесет години од American Music Awards . Се сеќавам дека ги гледав дома кога бев мало девојче – изјавила таа.


