(ВИДЕО) Скандал на пробата на Израел, не смеат да настапат на Евровизија: Хаос во Базел пред полуфиналето

Во пресрет на втората полуфинална вечер на Евровизија, која се одржува од 21 часот во Базел, се случил скандал. Имено, на израелската претставничка Јувал Рафаел и направиле скандал на пробата.

Како што може да се види на видеата кои се појавија на социјалната мрежа Х, истата ситуација се случила и на вечерашната проба пред почетокот на Евровизија, кога претставниците пробувале пред публиката.

„На последната генерална проба, израелската претставничка Јувал била пречекана со многу свирежи и публиката извикувала повици за ослободување на Палестина“, се вели во објавата.

Имено, за време на генералната проба пред вечерашниот настап на второто полуфинале на Евровизија 2025, шест лица, меѓу кои и членови на семејството, го попречиле настапот на израелската пејачка Јувал Рафаел. Тие имале големи знамиња и свирчиња, а обезбедувањето морало да ги избрка од салата, соопштија од организацијата.

Израел на удар на публиката од првиот ден

На Евровизија 2025 година учествуваат 37 земји, а претставниците прошетаа на црвениот тепих во неделата, а Јувал, кој го преживеа нападот на Хамас во 2023 година, била пречекана со свирежи од толпата.

На видеото снимено од член на израелската делегација на натпреварот, додека Рафаел шета по тепих, може да се види неименуван маж како мавта со палестинско знаме и ѝ покажува палец надоле, пред да помине со прстите преку грло и плука, пренесува Раи. Во неделата протести против учеството на Израел на Евровизија се одржаа и во Базел поради војната во Појасот Газа, а против учеството на Израел се изјаснија и јавните радиодифузери на Словенија, Шпанија и Исланд.

Покрај тоа, околу 70 поранешни учесници на Евровизија го изразија своето противење за учеството на Израел, вклучувајќи ги и двајцата поранешни победници, Португалецот Салвадор Собрал и Ирецот Чарли Мекгетинген, објави српски Курир.

Најчитани вести