Невреме го парализира аеродромот: Авионите не можат да слетаат, кружат над Загреб

Шест авиони кружат околу небото над Карловац дваесетина минути, некои од нив се обиделе и да слетаат, но поради силниот ветер се откажале од слетувањето од безбедносни причини, односно извршиле т.н. “go-around”.

Само неколку линии доцнат повеќе од 40 минути додека кружат. Поради лошото време можни се доцнења и откажувања до крајот на денот.

Летот од Рим бил пренасочен кон Виена, додека авионот од Амстердам одбил да слета и заминал за Трст. Ненадејна промена на дестинацијата им се случи и на патниците од Истанбул кои завршија во Будимпешта.

Поради силно невреме, дел од фасадата падна од зграда во Загреб.

Во улицата Људевиа Посавски ветерот го однел отпадот кој паднал врз паркиран автомобил во близина. Почна да дува силно, врнело и имало силни грмежи.

За денеска е најавена радикална промена на времето.

Имено, ДХМЗ предвиде дека ќе се наоблачи во втората половина на денот, а токму тоа и се случи – небото се стемни, а прва на удар беше Велика Горица и околината, каде по 13 часот и 30 минути падна град.

Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат град со големина на лешник, а локалните жители коментираат дека биле поштедени од мразот, ама сега немале среќа.

Пожарникарите морале да интервенираат бидејќи ветерот дувал толку силно што корнел гранки.

Ова заладување веќе пристигна во Србија. Според временската прогноза, заладувањето кое се приближува прво ќе го зафати северот на Србија, објави Б92.

Најнови вести

Најново од Свет

Најчитани вести