Сезонските алергии се во полн ек, а ние ви носиме рецепт за природен пијалок кој ги ублажува симптомите.
Време е на сезонски алергии, а поради променливите температури, многу луѓе настинуваат. Како придружен симптом во двата случаи, постои кашлица со густ секрет, кој тешко се исфрла, а кај многу луѓе создава и нагон за повраќање.
Само кашлање не е доволно, потребно е да се исчистат белите дробови и грлото од насобраниот слуз. Препорачуваме целосно природно решение кое многу брзо ќе ви донесе олеснување.
7-8 парчиња ѓумбир
1 лажичка црн пипер
1 лажица мед
2 чаши вода

Подготовка:
Загрејте ја водата и штом ќе почне да врие, додадете го ѓумбирот. Додадете бибер, покријте и оставете да врие една минута. Намалете ја температурата и оставете да крчка на тивок оган уште пет минути. Треба да добиете бистра жолта течност. Оладете малку, потоа процедете и засладете со лажица мед. Додека е сè уште топол, сркајте го чајот малку по малку и многу брзо ќе почувствувате големо олеснување. За побрзо заздравување, пијте го овој напиток два до три пати на ден.


