(ВИДЕО) Витаминска чорба што го зајакнува имунитетот – Чинија полна со здравје

Полна со шарен зеленчук – оваа чорба е вистинско богатство од витамини и минерали. Лесна е за подготовка, а го загрева и освежува телото.

Совршена е за ручек или вечера, а со додавање на ориз станува оброк кој ќе ве засити. Уживајте во секој здрав и вкусен залак!

Потребно е:

една главица кромид

масло

2 моркови

корен од целер

зелена пиперка

тиквичка

поголем компир

домат

3 лажици ориз

сув зачин, мелен бибер и сечкан лист од магдонос

Подготовка: Исечете го целиот зеленчук на мали коцки. Ситно исечкајте го кромидот и испржете го во масло заедно со морковот. Подоцна додадете го исечканиот корен од целер, тиквичките, пиперките и компирите со излупениот домат. Налејте вода и варете 30 минути.

Најчитани вести