Камион на јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ изутрината бил опожарен додека изнесувал смет од правен субјект од Куманово, информираа денеска надлежните од претпријатието. Пожарот го изгасила екипа на противпожарна единица и вработени на самото претпријатие.
Директорот на претпријатието, Ненад Стојановски, информираше дека до пожарот дошло поради несоодветно одложен отпад кој се запалил во задниот дел на возилото.
– Пожарот е резултат на неодговорно фрлање отпад, кој не смее да се меша со комуналниот отпад. За среќа нема повреднеи во пожарот, вработените го забележале пожарот и алармирал, што овозможи навремена реакција и спречување на сериозни последици. Причинета е штета која ќе се санира, изјави Стојановски.
Увид извршила и екипа на Секторот за внатрешни работи Куманово.
Од јавното претпријатие со апел до граѓаните и правните субјектите да се одлага соодветен отпад и укажуваат дека инцидентот ја отвара дебатата за неопходна едукација и контрола при управувањето со отпадот, како и за зајакнување на инспекциските механизми во насока на спречување на вакви ризични ситуации.
МИА


