(ВИДЕО)„Власта брка политика на грбот на децата“ – обвинува градоначалникот на општина Росоман, Стојан Николов

„Власта брка политика на грбот на децата“ – обвинува градоначалникот на општина Росоман, Стојан Николов, откако вчера добил известување од министерството за финансии дека нема пари за да се стави во функција новиот објект од градинката кој е целосно опремен.

Тој препознава чиста политика и кочење пред локалните избори, поради што 40 деца се уште се на листа на чекање, иако објектот може да биде во функција во секој момент и да ги згрижи.

Николов на денешната прес конференција рече дека во февруари пак, добил допис со кој општината е известена дека парите биле обезбедени.

Извор – КТВ

Најчитани вести