Најмоќниот борец против болки во зглобовите е, верувале или не, обичниот желатин. Ако го користите редовно, за кратко време ќе почувствувате олеснување, а најдобро е да го користите во прав. Како што старееме или поради неадекватна исхрана, нашето тело произведува помалку колаген, што резултира со помала подвижност и болки во зглобовите.
Овој проблем се решава со желатин. Желатинот е производ од животинско потекло кој произлегува од хидролизата на колагенскиот протеин, кој е главната врзувачка состојка на животинското ткиво: ‘рскавицата, коските, тетивите итн.

Сè што е потребно е да додадете една лажичка желатин во чаша вода, сок или јогурт и да го пиете секоја вечер пред спиење. Доколку имате големи проблеми со болки и слаби коски, желатин може да земате два пати на ден, наутро и навечер. Терапијата треба да даде ефект веќе по 7 дена. Овој тип на третман можете да го користите во период од 4 до 6 недели, по што треба да направите пауза.

Истражувањата докажаа дека желатинот исто така има позитивен ефект врз:
-Подобар изглед на косата и ноктите
– Еластичност на телото, но и ги намалува знаците на стареење
– Речиси сите испитаници пријавиле значително подобрување во квалитетот на сонот
– Истражувањата покажаа и намалување на појавата на целулит, подобар метаболизам и значително намалување на сезонските алергиски реакции


