(ФОТО) Анастасија Ражнатовиќ го слави роденденот во Севилја! Пејачката откри што добила од свекрвата и золвата!

Пејачката Анастасија Ражнатовиќ го слави својот 27 роденден.

Поради оддалеченоста што ја дели од семејството и најблиските пријатели, бидејќи живеат во Србија, додека пејачката е во Шпанија, Анастасија нема да ги собере сите најблиски на овој посебен ден за неа, туку со неа ќе биде нејзиниот сопруг Немања Гудељ, како и целото негово семејство.

Анастасија доби безброј честитки и пораки на Инстаграм кои ги сподели со сите, а го покажа и подарокот што го доби од свекрвата Оља и нејзината золва Вања Гудељ, објави српски Курир.

Тие и испратиле огромен букет црвени рози со порака:

– Снашке, среќен роденден! Да си ни жива и здрава, те сакаме многу. Твоето семејство! Ова ти го испраќаме ние девојките, твоите Вања и Оља – стои во пораката.

– Мои! Ве сакам и благодарам што сте тука и кога не сте – им одговорила Анастасија.

Најчитани вести