Скоро да нема човек на светот кој не сака компири, а може да се подготви на безброј начини, но монасите од Хиландар со векови го пренесуваат следниов рецепт, истакнувајќи го како едно од најубавите јадења од Света Гора.
Совршен ручек без месо кој не создава „ чувство на камен“ во стомакот, а е многу вкусен, заситува и е здрав. И неверојатно е едноставен и брз за подготовка, за кратко време може да се најде на вашата трпеза!
Состојки:
* количина на компир по ваша желба
* Магдонос
* Сол
* Вода
* 1/3 од тежината на компирот свежи домати
Подготовка:
Излупете ги компирите, ако се мали, не ги сечете. Додадете сол, магдонос и прелијте со вода да ги покрие компирите. Покријте и оставете го да крчка. Кога водата ќе зоврие, додадете ги излупените и исечканите домати и варете додека компирот не ги впие доматите.
Доволно е со него да додадете малку сезонска салата и ќе имате феноменален ручек кој не предизвикува „чувство на камен“ во стомакот, но е лесно сварлив и неодоливо вкусен!


