Кога последен пат сте јаделе просо?
Непотребната желба да се откажеме од храната која се смета за „сиромашна“ и да прифатиме некоја помодерна храна, нè натера да престанеме да јадеме просо, што е голема штета, со оглед на многуте придобивки што ни ги нуди ова лесно сварливо зрно.
Просото е вид на зрно кое е тркалезно, многу ситно и на некои места малку сплескано. Има жолто-бела боја и има сладок вкус. Зрното просо е покриено со лушпа, која мора да се отстрани пред да се конзумира.
Тоа е една од ретките житарки кои не содржат глутен, што е од големо значење, бидејќи многу луѓе се алергични на глутен, а добро е познато дека глутенот влијае на зголемување на телесната тежина и воопшто на дебелината. Содржи многу витамини и минерали како калциум, калиум, јод, магнезиум, витамини А, Е и Б, но содржи и железо и влакна, пишува Нови.ба.

Тоа е екстремно алкално (основно) зрно и знаеме дека вирусите, бактериите и другите зла што ги придружуваат тешко се создаваат кај алкализираните или базните организми.
Просото содржи клучни амино киселини кои помагаат во изградбата и регенерацијата на мускулите и клетките на кожата. Исто така, тоа е богато со јаглехидрати кое полека се вари, па брзо ни дава чувство на ситост и го помага процесот на слабеење.
Оваа житарка содржи и природни масти, кои се клучни за апсорпцијата на витамините, вклучувајќи ги каротинот и витаминот Д.
Оваа житарка содржи сложени јаглехидрати, па затоа е добар избор на храна за дијабетичарите.

Кардиолозите го препорачуваат како храна што треба да се јаде што почесто, бидејќи е полно со калиум, кој помага во борбата против срцевите заболувања, го нормализира крвниот притисок и ги зајакнува крвните садови.
Тоа е едно од најдобрите намирници за чистење на бубрезите, но и за појава на камења или песок во бубрезите. Во случај на уринарни инфекции делува позитивно и го поттикнува излачувањето на урината.
Направени се различни истражувања во врска со исхраната, а докажано е дека оние кои консумираат просо, во најголем број случаи немаат симптоми на астма или некакви индикации за тоа.


