Пивото на Октоберфест повторно ќе поскапи. На овогодинешниот фестивал литар ќе чини од 14,50 до 15,80 евра, соопштија од градот Минхен.
Тоа е во просек за 3,52 отсто повеќе од лани. Тогаш литар чинеше меѓу 13,60 и 15,30 евра.

Ќе поскапат и безалкохолните пијалоци
Градот како организатор на фестивалот проверува дали цените пресметани од угостителите се соодветни. За таа цел ќе ги споредат со цените на големите угостителски компании во Минхен.
Од градската управа велат дека овие фирми во моментов бараат од 7,70 до 13,40 евра за литар.
Сепак, има дополнителни трошоци за угостителите за пиво на фестивалот.
Пивото на Октоберфест содржи околу 6% алкохол. Дополнително, угостителите се одговорни за поставување и симнување на шатори во текот на двете недели на фестивалот, како и за настапи со музика во живо.

Организаторите внимателно ги измерија цените и ја пресметаа инфлацијата, изјави Питер Инселкамер, портпарол на угостителите.
„Зголемувањето на цените никогаш не е убаво, дури и кога има добри причини за тоа. На пример, дека ние угостителите на фестивалот сакаме да им плаќаме на нашите вработени правични плати за нивната работа“, рече неговиот колега Кристијан Шотенхамел.

Од 2004 година, цените на пивото на фестивалот се зголемија приближно двојно. Пред 20 години литар чинеше меѓу 6,70 и 7,10 евра.
Овогодинешниот Октоберфест започнува на 20 септември и ќе трае до 5 октомври. Се смета за најголемиот фолк фестивал во светот, а во 2024 година имал околу 6,7 милиони посетители, објави српски Блиц.


