(ВИДЕО)Се урна мост и падна на патнички воз: Страшна железничка трагедија во Русија, најмалку 7 лица загинаа

Најмалку седум лица загинаа, а 69 се повредени кога патнички воз излета од шините по уривање на мост во Русија доцна синоќа, соопштија властите.

Дел од мостот се урнал, а потоа заедно со неколку камиони паднале на воз што минувал долу, јави руската државна новинска агенција ТАСС. Гувернерот на Брјанската област Александар Богомаз изјави дека меѓу повредените има и две деца. Службите за итни случаи се на лице место, напиша тој на Телеграм.

„Се прави се за на настраданите да им се обезбеди сета потребна помош“, рече тој.

Причината за уривањето на мостот во областа Брјанск во Русија, која граничи со Украина,била експлозија, изјави гувернерот Богомаз, објави Мондо.рс.

„Имаше експлозија на мостот на автопатот додека возот се движеше, во која имаше 388 патници“, изјави Богомаз на ТВ каналот Русија 24, пренесе Риа Новости.

Шефот на регионот, на Телеграм појасни дека се хоспитализирани 47 лица, меѓу кои и три деца. Тројца од повредените се во тешка состојба, меѓу кои и едно осуммесечно бебе.

Богомаз рече дека 250 патници од возот по несреќата биле сместени во центар за привремено сместување (TAC), а останатите биле однесени дома од нивните роднини.

Неколку Телеграм канали тврдат дека се работи за саботажа.

Во соопштението објавено на Телеграм, московските железници наведуваат дека мостот се урнал „како резултат на незаконско мешање во работата на транспортот“.

Најчитани вести