Дел од општина Карпош без вода

Без вода денеска од 9:00 часот ќе останат хотелот „Александар Палас“, Спортскиот центар „Борис Трајковски“, дел од корисниците од булеварите „8 Септември“ и „Илинден“ и дел од улиците „Никола Тесла“ и „Орце Николов“. 

Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на шибер ф-300 милиметри на булеварот „8 Септември“ без број, кај мостот на Вардар. 

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот. 

МИА

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести