Грчки тестенини со фета сирење, шери домати и краставица

За подготовка на оваа паста ви се потребни следниве состојки.

Состојки:

450 г тестенини по ваш избор

1/2 мал црвен кромид, тенко исечкан

1 црвена пиперка, ситно исечкана

500 г шери домати, исечени на половина

120 г маслинки без семки

120 г издробено фета сирење

1 голема краставица, исечена на парчиња

60 г свеж магдонос, грубо исечкан

сол и бибер, по вкус

За дресинг од лимон и маслиново масло:

80 мл свежо исцеден сок од лимон

1 лажица рендана кора од лимон

2 чешниња лук, ситно исечкани

2 лажици ситно исечкан магдонос

120 мл маслиново масло

1/2 лажичка свеж оригано, по желба

1/4 лажичка сол

1/4 лажичка бибер

Совет плус:

Дресингот што не го користите можете да го чувате во фрижидер до една недела и да го користите за салати или тестенини.

За да ја направите оваа паста, прво сварете ги тестенините и исцедете ги. Потоа потопете ги кришките кромид во ладна вода со прстофат сол. По 10 минути, исцедете ја водата од кромидот. Направете го дресингот така што ќе ги измешате сите состојки за дресингот во мала тегла со капак. Пробајте и додадете повеќе зачини по вкус.

Во голем сад, измешајте ги изладените тестенини, исцедениот виолетов кромид, пиперките, доматите, маслинките, фета сирењето, краставицата и магдоносот. Нежно измешајте со 60 мл дресинг од лимон и маслиново масло. Додадете уште дресинг, во мали порции, по потреба. Зачинете со сол и црн пипер по вкус. Уживајте!

Најчитани вести