Поранешниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер веќе некое време е во врска со Силва, омажена бугарска државјанка која има две деца, јавуваат германските медиуми.
По неколкумесечни шпекулации за кризата и можниот развод на бракот на Ана Ивановиќ и Бастијан, денес се појавија папарацо фотографии од поранешниот германски фудбалер во друштво на мистериозна жена, кои ја шокираа јавноста. Во исто време, германските медиуми, предводени од угледниот „Билд“, интензивно го барале идентитетот на витката русокоса, и утврдиле дека се вика Силва и дека е од Бугарија.
Станува збор за мајка на две деца, која, како што тврдат истите извори, оделе во истото училиште како и синовите на Ана и Швајни, на луксузниот шпански остров Мајорка. Наводно, токму таму поранешниот германски репрезентативец ја запознал својата нова партнерка, а врската брзо се развила во романса. Иако Силва формално е сè уште во брак, медиумите објавуваат дека во меѓувреме се развела од сопругот, бидејќи таа и Швајнштајгер се неразделни со месеци.
Како што пишува „Билд“, двајцата неодамна биле видени на плажа, каде што се гушкале, бакнувале и се држеле за раце без да се кријат. Со тоа, тие практично го потврдиле она што се шпекулирало долго време, дека бракот со Ана бил завршен и дека Басти продолжил понатаму, пишува Ало.


