Одлична приказна од срцето на американската дивина сподели Исак Френч на социјалната мрежа „X“.
Неговата серија објави за семејството Џинџерич од Охајо стана вирална – и со добра причина. Нивната неверојатна одлука да ја напуштат сигурноста на своите работни места и да инвестираат сè во 34 хектари шума со руинирана стара зграда се претворил во еден од најинспиративните туристички успеси на денешницата.
I designed & built a personal office / art studio in the forest behind my home.
— Isaac French (@isaacfrench_) February 15, 2025
We call it "the nook,” and it took 4 months start to finish.
Want to see inside? 🧵 pic.twitter.com/t961FBtMPc
Шума, водопади и стара куќа
Брачниот пар Ејми и Брајант Џинџерич живеат со своите три деца во близина на Колумбус, Охајо. Ејми е домаќинка, а Брајант е инженер кој, и покрај својата сигурна работа, чувствувал дека нешто недостасува. И двајцата сонувале за природата и свое катче во Хокинг Хилс, регион познат по својата природна убавина.
Веќе седум дена откако почнале да бараат земјиште, го пронашле идеалното место: 34 хектари земјиште со карпи, водопади и стара куќа од 1920-тите. Со помош на пријателите и семејството, собрале доволно пари за аванс, а остатокот го зеле како банкарски кредит.
My friends bought 34 acres of Ohio wilderness.
— Isaac French (@isaacfrench_) January 4, 2025
While hiking one day, they stumbled upon a dark, dripping cavern—and decided to pour their life savings into it.
Today, it's one of the world's most profitable airbnbs. The waitlist is years long.
Here's the story…🧵 pic.twitter.com/GdX2TZMEmC
Прв проект: куќата од која сè започнало
Брајант ја реновирал старата зграда, додека Ејми го декорирала ентериерот со многу вкус. Во рок од четири месеци, куќата била спремна за изнајмување. Приходот едвај го покривал кредитот, но било јасно дека постои потенцијал. Потоа Брајант дал отказ од работа – и почнал да го гради својот сон.
Вљубени во архитектурата со А-фрејм архитектура, тие сами ја дизајнирале куќата. Брајант ги создал плановите, со минимални трошоци, бидејќи речиси сè изградил сам. Осум месеци подоцна, никнала трокатна куќа која веднаш станала хит.
Од сон до сензација на Airbnb
Куќата се издава за само 1.300 долари по ноќ, со 95% исополнетост. Гостите биле толку воодушевени што почнале да го молат парот да им ги продаде плановите за градба. Џинџерич ги дигитализирале и ги објавиле на својата страница, каде што пасивно заработиле над 220.000 долари.
И потоа – пештера
Она што не го знаеле било дека на нивниот имот се крие вистинска пештера. Таа била скриена од паднати дрвја и земја. Кога случајно ја откриле за време на прошетка, сè се променило. Идеи и веднаш им се појавија во главите но и проблеми.
Градежна дозвола? Речиси невозможно. Геолози, инженери, влажност, вода што капе од сите страни… Решението? Не да се бориме со водата, туку да ја контролираме. Тие инсталирале четири моќни одвлажнувачи на воздух кои извлекуваат 20 литри влага дневно.
Луксузна пештера: туристичка атракција од светска класа
По девет месеци работа, тие отвориле луксузна пештера – со модерна содржина, дизајнерски детали и автентична природна средина. Цената? 1.400 долари по ноќ. Резултатите? 405.000 следбеници на Инстаграм, 100% директни резервации и само една празна ноќ за повеќе од две години!
Иднината на луксузниот туризам
Ова не е само приказна за успех – ова е нова ера на туризмот. Луѓето не сакаат обични станови. Тие сакаат искуство, тие сакаат приказна. Џинџерич го препознале ова и создале единствена мешавина од природа, архитектура и автентично искуство. И сето тоа од ништо, благодарение на сонот – и огромната храброст.


