(ВИДЕО): Невреме со силен дожд и град го зафати Скопје попладнево

Во повеќе скопски општини беа забележани наноси од мраз, а граѓаните на социјалните мрежи споделија фотографии од дворови, покриви и возила покриени со слој од град.

Од надлежните служби засега нема информации за причинета материјална штета или повредени лица, но се апелира на внимателност и следење на временските прогнози.

Метеоролозите најавуваат дека нестабилното време ќе продолжи и во наредните часови, со можност за нови локални врнежи и грмежи.

извор: libertas.mk

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести