Денеска во 01.30 часот на Меѓународен аеродром Скопје, полициски службеници го привеле А.С.(44) од Норвешка, постапувајќи по претходна пријава дека во авионот во кој патувал од Осло до Скопје, го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување, а при обид да биде извршен службен разговор со него агресивно се однесувал и кон полициските службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


