Поранешниот претседател Пендаровски учествуваше на ГЛОБСЕК 2025

Поранешниот претседател Стево Пендаровски учествуваше на 20тиот јубилеен Глобсек форум, кој се одржува во Прага, Чешката Република, под наслов “Управување (со) хаосот: Време е Европа да истапи напред”. 

Од панелот “Западниот Балкан на геополитичка крстосница: интеграција во ЕУ или кревање на регионални тензии”. Пендаровски рече дека стратешкото одложување на интеграциите го изложува Западниот Балкан на ризик од неевропски и недемократски влијанија надвор од регионот. Пендаровски потенцираше дека ЕУ мора да делува веднаш и да го заокружи историскиот проект на обединета Европа.

Кабинет на поранешен претседател на Република Северна Македонија Стево Пендаровски

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести