Нарачал пиво на хрватска плажа, а потоа се покајал кога стигнала сметката: „Дали е само за странци?“

Секоја година на почетокот на сезоната во познатите летни одморалишта, сме шокирани од сметките од популарните места, а еден човек од Хрватска го насмеа регионот со својата забелешка за цената на пивото, а објавата стана вирална.

Имено, на Инстаграм страницата „imoccrnjaci“ беше објавено видео каде еден човек коментира за високата цена на пивото во Кашјуни во Хрватска.

Откако келнерот рекол дека нема попуст за локалното население, гостинот добро се снашол, пишува Слободна Далмација.

„Еве ме во Кашјуни, нарачувам Хајнекен – 7 и пол евра. Велам: „Пајдо, дали е исто за странци и за нас мештаните?“ тој вели: „Сеедно.“ Ништо, тогаш ќе зборуваме на англиски. One Heineken, please!

Под објавата има разни коментари, меѓу нив и такви што потсетуваат дека не е „изгор“само во Сплит.

Цените во туризмот мора да го следат квалитетот, а проблемот е кога тоа не се случува

Хрватскиот министер за туризам и спорт, Тончи Главина, тврди дека туристичкиот сектор е добро подготвен за главниот дел од туристичката година, а бидејќи оваа година односот цена-квалитет е клучен за избор на дестинации, важно е да се биде мудар при одредувањето на цените и да се потврди дека Хрватска обезбедува вредност за парите.

Во својата изјава за Хина, Главина истакна дека добрите подготовки биле потврдени уште во мај и дека Хрватска била промовирана на меѓународни саеми и пазари како дестинација за цела година, која нуди вредност за парите покрај квалитетот и разновидноста на содржините.

„Сега мора да го потврдиме сето тоа и да обрнеме посебно внимание на конкурентноста на цените. Веќе неколку пати повторив дека сè зависи од нас, бидејќи конкурентските земји се подготвија многу добро, тие исто така имаат свои вредности, а ние мора да ги искористиме сите наши предности на паметен начин“, рече Главина.

Најчитани вести