Хезболах ги осуди заканите кон ајатолахот Хамнеи, оценувајќи ги како „неодговорни и неразумни“

Милитантната група Хезболах остро ги осуди неодамнешните закани кон врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, оценувајќи ги како „неодговорни“ и „неразумни“, предупредувајќи за можни сериозни последици.

Во соопштението, Хезболах го истакнува „големиот и далекусежен углед“ на ајатолахот Хамнеи, не само во Иран, туку и низ целиот исламски свет.

„Секоја закана по неговиот живот е навреда за милиони верници, поддржувачи на исламот и отпорот“, се вели во соопштението, објавија либанските медиуми.

МИА

Најчитани вести