Ако сакате традиционални јадења кои брзо се подготвуваат, а уште побрзо се јадат, сега е вистинското време да се запознаете со омак – старомоден босански појадок кој некогаш бил неопходен дел од утринската трпеза.
Иако денес е малку подзаборавен, омакот сè уште останува вистински локален класик: едноставен, заситувачки и совршен со сомун или парче леб – но без лажица! Омакот се јаде со раце, исто како што се јадел некогаш во топлите, домашни кујни, пишува City Magazine.
Рецепт за омак – едноставен, домашен појадок
Состојки:
2 јајца
350 мл млеко
прстофат сол
1 полна лажица брашно
1 коцка путер
Подготовка:
Растопете го путерот во тава на тивок оган.
Изматете ги јајцата и млекото во посебен сад, додадете брашно и сол, а потоа добро измешајте сè додека не добиете мазна смеса.
Кога путерот ќе се загрее, истурете ја смесата во тавата и мешајте постојано. Целта е да се одржи кремаста текстура – омакот не смее да биде ниту преварен, ниту премногу течен.
Ќе знаете дека е готов кога ќе повлечете линија низ средината со лажица, а смесата не се разлие веднаш.
Сервирајте го веднаш, со лепче – и, се разбира, без прибор. Омакот се јаде со раце, исто како што правеле и генерациите пред нас.


