Го гледате секој ден, а никогаш не сте се запрашале за што друго служи, освен очигледното!
Многумина веројатно никогаш не би помислиле дека заштитното капаче за масло всушност има некоја цел, но блогерката Сара Вурушиќ ја истакна неговата генијална намена.
Таа пишува за родителството, но често покажува и корисни трикови за домаќинството.
Сега, со кратко видео на TikTok, таа изненади многу луѓе – затоа што ни покажа дека заштитното капаче за масло не е замиселно да се фрли, туку паметно да се искористи.
Имено, всушност треба само да го превртите и да го ставете назад на отворот од шишето, бидејќи така помалку масло излегува кога ќе го истурите на саканото место.
„Не знаев за ова 25 години. Колку години имавте кога дознавте за што служи заштитното капаче?“, ги прашува своите следбеници.


