Мел Гибсон е во посета на Хиландар

Aвстралиско-американскиот актер и режисер Мел Гибсон е во посета на српскиот манастир Хиландар на Света Гора, објавија српските медиуми.

На Фејсбук страницата на тој манастир пишува дека Гибсон пристигнал во Светиот манастир Хиландар и ќе остане во следните неколку дена.

Гибсон се сретнал со игуменот на Хиландар, отец Методиј и други монаси.

МИА

Најчитани вести