Продолжуваме со изборот на кандидати за градоначалници, вчера ги објавивме новите 11 кандидати на СДСМ за претстојните локални избори.
И овој процес на селекција е резултат на анализа на резултатите од анкетите и разговори со членови на општинските организации. Секој од кандидатите е човек со интегритет, визија и силна посветеност кон развој на општината од која доаѓа – луѓе подготвени да се соочат со реалните проблеми на граѓаните и да понудат решенија кои носат конкретни резултати и подобар живот.
За општина Пехчево, Златко Николовски, член на Централниот одбор
За општина Босилово, Мариче Кармазичева
За општина Куманово, организацискиот секретар на СДСМ, Мартин Костовски
За општина Карбинци, Љупка Соколовска
За општина Василево, Ванчо Новоселски
За општина Сопиште, претседателот на општинската организација, Звонко Васев
За општина Јегуновце, Дарко Блажевски, градоначалник во претходниот мандатот од 2017 до 2021 година
За општина Охрид, претседателот на општинската организација, д-р Асен Шајн
За општина Демир Хисар, Златко Кузмановски, актуелен претседател на општинската организација
За општина Струмица, претседателот на општинската организација, Марјан Даскаловски
За општина Дебарца, претседателот на општинската организација, Љупчо Паункоски
Продолжуваме со транспарентен и темелен пристап при изборот и на останатите кандидати, затоа што наш приоритет се интересите на граѓаните – да ги понудиме најдобрите кандидати за градоначалници со програма која ќе го подобри животот на граѓаните, објави на социјалните мрежи Венко Вилипче.


