Праската е омилено летно и сочно овошје и одличен извор на многу важни хранливи материи. Содржи витамини А, Ц, Е, К и Б3, како и минерали калиум, бакар, манган, магнезиум, железо, калциум, фосфор и селен.
Покрај тоа, праските се богати со фолна киселина, хлорогена киселина, каротеноиди, рутин, кверцетин, катехини, влакна, јаглехидрати и нешо помалку протеини и масти.
Можете да јадете праски свежи, во колачи, во разни сосови… Ви носиме едноставен рецепт со ова рајско овошје.
Состојки:
3 зрели праски
200 грама шеќер
85 грама растопен путер
едно јајце
120 мл јогурт (0,9% млечна маст)
4 грама мускатно оревче
2 мл екстракт од ванила
1 мл екстракт од бадем
130 грама брашно
65 грама ситно сечкани бадеми
5 грама прашок за пециво
1 грам сода бикарбона
прстофат сол
кафеав шеќер
Подготовка
Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови. Намачкајте кружен калап за торта (најдобро е да користите калап со дијаметар од 22 см. Ако немате, можете да користите поголем) со путер и наросете со брашно.
Исечете ги праските на парчиња со големина на залак и измешајте ги со мускатно оревче и 25 грама шеќер.
Измешајте го путерот и преостанатиот шеќер со дрвена лажица или шпатула за готвење. Додадете го јајцето, јогуртот и екстрактите и добро измешајте за да се соедини сè.
Измешајте брашно, прашок за пециво, сода бикарбона, бадеми и сол. После тоа, додадете ја оваа смеса во смесата со путер и мешајте додека смесата не стане мазна. Истурете во калапот.
Притиснете ги праските врз тортата. Можете да ги наредете ако сакате, но важно е да има што е можно повеќе. Посипете со кафеав шеќер.
Печете 10 минути, потоа намалете ја температурата на рерната на 165 степени и печете дополнителни 45 до 55 минути.


