Во оваа пратка се вклучени 43 парчиња компресивна облека, изработени по мерка за 17 лица. Очекуваме облеката да пристигне во Македонија понеделник навечер, а веќе во вторник ќе биде доставена до болницата во Кочани.
Со оваа фактура, вкупниот износ за компресивна облека што го покривме изнесува 23.560,37 евра, односно 1.207.260 денари.
🙏 Благодарност до сите што донираат. Секој ден, секоја донација, секоја споделена порака прави разлика.
Во време на болка, солидарноста е најголем лек.🤍 Никој нема да биде сам. Делата зборуваат многу погласно од зборови.
извор: Libertas.mk


