Државниот завод за ревизија го објави Конечниот ревизорски извештај од ревизијата на регуларност на политичките партии:
– СДСМ
– ВМРО – ДПМНЕ
– Демократска унија за интеграција (ДУИ)
– Движење БЕСА
– Алијанса за Албанците
– Алтернатива.
Ревизијата се однесува на финансиските извештаи, сметките за редовно работење и законитоста на финансиските трансакции за 2023 година, спроведени од овие политички партии.
Целта на ревизијата е да се оцени дали финансиското работење на партиите е во согласност со законските прописи и стандардите за финансиско известување, со посебен акцент на транспарентноста и одговорното трошење на буџетските средства.
Извештаите се достапни на следниот линк .
Државен завод за ревизија
МИА


