Женствено – Анастасија Ражнатовиќ во неверојатен фустан и чанта од 2.500 евра

Пејачката Анастасија Ражнатовиќ изненади со нова комбинација на облека – цветен фустан и чанта вредна 2.500 евра, а целиот стајлинг особено го воодушеви нејзиниот сопруг Немања Гудељ.

Пејачката Анастасија Ражнатовиќ е позната по вниманието што го посветува на модните комбинации. Овој пат таа блесна во летен стил во боја на јоргован за време на вечерно излегување, кое го сподели на Инстаграм и ги воодушеви сите свои следбеници.

Анастасија избра фустан со цветен дезен, кој го надополни со сандали и виолетова чанта од познат бренд, вредна 2.500 евра.

Нејзината објава не остана незабележана од нејзиниот сопруг Немања Гудеља, кој во коментарите остави емотикони од две срца и катанец, изразувајќи ја со тоа својата љубов кон неа.

Пејачката овие денови ужива во својот одмор на Ибица, а неодамна предизвика хаос на социјалните мрежи со изборот на облека за вечерно излегување.

Најчитани вести