Tошковски: Имало физички контакт при нападот врз Арсовска, но лага е дека се се случувало пред полицијата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека во нападот при увид на дивоградба во скопската општина Чаир врз градоналаничката на Град Скопје Данела Арсовска имало физички контакт, но, дека е лага и повторен обид за манипулација на јавноста тврдењето оти тоа се случувало пред припадници на полицијата.

Тој во интевју за Телма вели дека Министерството за внатрешни работи постапило во два случаи и дека се отворени дисциплински постапки против полициски службеници за случаи кои ги пријавила Арсовска, но истакна дека таа и покрај тоа што била повикувана во полиција да пријави одбивала да доаѓа, а во исто време објавувала на социјалните медиуми.

МИА

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести