Според извештајот на ЦУК, во државата утрово активни се пет пожари, а изгаснати се 19.
Активни пожари има во:
1. Општина Дојран: с. Николич (нискостеблеста шума);
2. Општина Чучер Сандево: с. Горњани (нискостеблеста шума);
3. Општина Велес: кај с. Џидимирци и Крушје (мешана шума);
4. Општина Македонски Брод: помеѓу с. Црешнево, с. Локвица, с. Крапа и с. Слатина (дабова шума, грмушки и ниска вегетација);
5. Општина Прилеп: н. Три Багреми (ниска вегетација).


