Пејачката Анастасија Ражнатовиќ и нејзиниот сопруг Немања Гудељ вчера прославија две години брак, а тој за таа пригода ѝ купи на својата сакана нараквица од 19.000 евра. Анастасија Ражнатовиќ вчера на својот Инстаграм профил сподели фотографија на која Немања ѝ подарил букет црвени рози со мече на кое пишува „Љубов“, како и голем балон во форма на срце со натпис „Те сакам“.
Всушност, тоа не биле единствените подароци. Ражнатовиќ не сака да се фали со скапи работи, и затоа не сакала да сподели фотографија од главниот подарок што го добила за годишнината од бракот.

Немања точно знае што сака, па затоа не му било проблем да избере нешто што ќе ја воодушеви пејачката. Имено, фудбалерот ѝ купил на Анастасија скапа нараквица со мали дијаманти, позната марка, чија цена е дури 19.000 евра. Ражнатовиќ многу сака накит, поради што Немања не се двоумел и пронашол нараквица што ќе ја надополни нејзината колекција, објави Пинк.


