Во запален стан во Струмица пронајдено починато лице

Во запален стан во Струмица на улицата „Благој Јанков Мучето“ денеска во 15:27 часот било пронајдено починато лице, соопштија денеска од ТППЕ Струмица.

Како што информираат оттаму, пожарот избувнал во стан на 4 кат во колективна станбена зграда, а во гаснењето на пожарот учествувале три против пожарни возила и седум пожарникари.

-Другите станови во зградата се заштитени од пожарот и сите станари се безбедно евакуирани, се наведува во информацијата на ТППЕ Струмица.

На местото на настанот увид извршиле инспектори за пожари, полицијата и јавен обвинител од ОЈО Струмица. 

МИА

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести