Домашен сладолед од банана е сè што ви треба ова лето

Во жешките летни денови, сè што ни треба е добро изладена соба и лесни закуски, барем додека не дојде време за одмор. Ако сте љубители на домашен сладолед, воодушевете го вашето непце со најкремастиот десерт со вкус на банана што можете брзо да го направите и да го изедете уште побрзо.

Ќе направите домашен сладолед од банана брзо и лесно. Рецептот е едноставен и сигурни сме дека неговата кремаста структура и вкус ќе ги задоволат дури и најпребирливите.

Состојки

3 банани

5 лажици шеќер

50 мл вода

500 мл слатка павлака

50 мл кисела павлака или грчки јогурт

Подготовка

Излупете ги бананите и исечете ги на кругови, потоа додадете шеќер и вода и варете пет минути додека не се претворат во каша. Оставете ги да се изладат.

Додека пирето од банана се лади, изматете ја слатката павлака, додадете грчки јогурт или павлака, а потоа и изладеното пире од банана и добро измешајте сè со миксер. Истурете во сад и ставете го во замрзнувач преку ноќ. Користете лажица за сладолед за да ги извадите топчињата во помали чинии и уживајте во совршено кремастиот вкус на домашниот сладолед.

Најчитани вести