Седница на ИО на СДСМ: Нови 11 кандидати за градоначалници

Попладнево се одржа седница на Извршниот одбор на СДСМ. Членовите на Извршниот одбор на СДСМ донесоа одлука со која е дадена согласност за кандидатури за градоначалници во уште 11 општини низ државата:

1. Бутел – Оливера Ливриниќ

2. Велес – Маја Хеско

3. Гевгелија – Миле Атанасов

4. Делчево – Дејан Глинџарски

5. Демир Капија – Лазар Петров 

6. Конче – Благој Илиев

7. Кратово – Влатко Спировски

8. Кривогаштани – Игор Каравиловски

9. Македонски брод – Ивица Стојковски

10. Ранковце – Даниел Крстевски

11. Старо Нагоричане – Далибор Трајковски

СДСМ јасно ја потврдува својата подготвеност да понуди силни, чесни, квалитетни и докажани кандидати за претстојните локални избори кои ќе работат во интерес на граѓаните и напредок на општините, велат од партијата.

Најчитани вести