Денеска во 03:59 часот во СВР Скопје е пријавено дека во двор од куќа на подрачјето на Гази Баба во Скопје настанал пожар во возило „фолксваген транзит“, сопственост на С.К.(31) од Скопје.
Повредени лица нема, а пожарот бил локализиран од таткото на сопственикот. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.


