Осврнувајќи се на првата недела од кампањата за локалните избори, лидерот на СДСМ Венко Филипче оцени дека има злоупотреба на институциите во партиски цели, а како пример за тоа го посочи Министерството за внатрешни работи.
„Во повеќе ситуации, во повеќе општини на состаноците на месните комитети на ВМРО-ДПМНЕ гледаме присутни началници од Министерството за внатрешни работи или ги водат состаноците или се присутни.Тоа е сериозно кршење на законот и злоупотреба на институциите”, истакна Филипче.
Претседателот на СДСМ побара реакција од домашните и меѓународните институции и го праша министерот Панче Тошковски дали тој лично стои зад таквите состаноци.
„Барам министерот Панче Тошковски да одговори дали тој ги организира овие состаноци. До меѓународните институции, тие коишто ги пратат изборите апелирам да реагираат на оваа појава, затоа што Министерството за внатрешни работи треба да биде професионална институција, независна којашто им служи на граѓаните, а не на политичките партии”, порача Филипче.
СДСМ Центар за комуникации со јавноста


