Во низата зборови на збогувања, в очи ни падна „писменцето“ на Лила Стојановска, проследено со фотографија на која се заедно со пријателот, со музичарот, со оној што таа го нарекува – кум.
По страшната вест која денес одекна низ целата држава, дека нѐ напушти и Панчо од ДНК, бројни пријатели на музичарот, познати и непознати за јавноста, се простуваат од својот другар, соработник, сакан музичар, на социјалните мрежи.
Секоја порака пече, боли. Боли заминувањето на млад и толку талентиран човек од нашето поднебје, од нашето соседство.
Во низата зборови на збогувања, в очи ни падна „писменцето“ на Лила Стојановска, проследено со фотографија на која се заедно со пријателот, со музичарот, со оној што таа го нарекува – кум.
„Куме барам зборови, немам зборови со кои би опишала како ја доживеав оваа вест …. Сѐ уште не верувам дека твоето ГОЛЕМО срце не издржа. Ова што го пишав на сликава пред неколку месеци верував дека така и ќе биде…, ама ти куме одлучи да не го оставиш Андреј сам…, земјата плаче а небото се радува зошто доби уште еден ангел. Пејте заедно и знајте дека вечно ќе фалите“ -напиша Лила.


