„Земјоделците во периодот на Владата на СДСМ добиваа реална помош и почит, од ВМРО-ДПМНЕ за година и пол се понижени, измамени и оставени сами“, нагласи Претседателот на Социјадемократскиот сојуз на Македониј, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“, што се одржа во Ресен.
Филипче посочи дека земјоделците од преспаснкиот регион, но и сите земјоделци во државава денес борат со трошоци, со неизвесност и непрофитабилно производство што не им дава надеж дека од земјоделство може да егзистираат.
„Им ја укинаа авансната исплата на субвенциите, земјоделецот остана без сигурност, без поддршка, без чувство дека трудот му е вреднуван. Доцни зелената нафта, Откупно-дистрибутивниот центар во Ресен е стопиран – и со тоа се губи секоја шанса за стабилен приход, за фер цена, за сигурна иднина на младите земјоделци. Субвенциите не се исплаќаат редовно, земјоделците остануваат сами, а задругите немаат поддршка“, рече Филипче.
Тој додаде дека за година и пол не е објавен ниту еден оглас за распределба на државно земјоделско земјиште, а се уште не е објавена мерката за субвенционирање на предадено јаболко кај откупувач од 2024 година, иако бербата на јаболкото за 2025 година е во тек.


