Без вода утре корисници од станбени објекти и институции во Пајко Маало

Објектите на Министерство за транспорт, средното музичко-балетско училиште, Филхармонијата, Архивот на Македонија, Уставниот суд, хотелот „Стоун бриџ и станбените објекти во Пајко Маало утре ќе имаат прекинато водоснабдување.

Како што информира ЈП Водовод и канализација-Скопје, прекинот ќе биде поради дефект на улицата „Црвена скопска општина“ бб. 

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 8:30 часот и ќе трае до завршувањето на работните активности. 

МИА

Најчитани вести