Атлетска трка во центарот на Скопје по повод Денот на македонската борба

По повод Денот на македонската борба – 23 Октомври, денеска во Скопје по десети пат ќе биде одржана атлетска трка на 5 и на 10 километри. Стартот и финишот ќе бидат пред споменикот  „Основачи на ВМРО“ во паркот „Жена –  борец“.

Рутата на трката ќе биде кон Порта Македонија, потоа Плоштад „Македонија“, преку Камениот мост, покрај Музејот на македонската борба за самостојност и МНТ, кон мостот „Гоце Делчев”, а потоа лево до кејот на Вардар, и назад по истата патека до целта.

Оваа спортска манифестација е во организација на Атлетската федерација на Македонија во соработка со Општина Гази Баба. 

Поради одржувањето на трката, во тој дел на Скопје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим

МИА

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести