Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

На 63-годишна возраст денеска по кратко и тешко боледување почина политичкиот аналитичар и колумнист Агим Јонуз.

Јонуз беше активен учесник во политичкиот живот, беше поранешен советник на претседателот на Собранието, Љубчо Јордановски, и на поранешниот премиер Владо Бучковски, како и портпарол на владата.

Тој беше активен во политичкиот живот во земјава и беше чест гостин во политичките дебатни емисии на телевизиите.

Погребот на Агим Јонуз ќе се одржи утре (недела 26 октомври 2025 година), на гробиштата во Бутел.

МИА

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести