Орце Ѓорѓиевски: 55 автобуси од понеделник и уште 20 до Нова Година

55 од понеделник и уште 20 автобуси до Нова година – Скопје се сака со дела!

На мое големо задоволство, денес остварив средба со приватните превозници.

Со добра координација и заедничка волја, за помалку од 48 часа откако ја преземав функцијата градоначалник на градот Скопје, успеавме да постигнеме договор кој значи конкретен чекор напред, а тоа е дека веќе од понеделник 55 автобуси повторно ќе сообраќаат низ скопските улици.

Овој потег претставува сериозен исчекор кон подобрување и стабилизирање на градскиот транспорт.

Дополнително, до Нова година во системот ќе бидат вклучени уште 20 автобуси, со што јавниот превоз ќе биде целосно нормализиран.

Но, тука не запираме.

До март, во соработка со Владата на Република Македонија и Министерството за транспорт, ќе обезбедиме уште 80 нови автобуси.

Заедно со градскиот воз кој веќе ја започна првата фаза на реализација и со проектот БРТ, започнуваме циклус на трајно решавање на сообраќајниот хаос кој со години го оптоварува нашиот град.

Свесен сум во каква состојба се наоѓа Скопје.

Свесни се и скопјани.

Но, како никогаш досега сум мотивиран да го направиме нашиот град достоинствено, чисто и современо место за живеење.

И ќе успееме. Го имате мојот збор, напиша на социјалните мрежи градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски.

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести