Салиу: Беким Сали наскоро ќе стане премиер на Албанците во Северна Македонија

Пратеничката Имерлије Салиу објави дека премиер на Албанците во Македонија наскоро ќе биде Беким Сали, кој се очекува да стане прв вицепремиер во Владата на Христијан Мицкоски.

-Господинот, Беким Сали за кратко ќе биде премиер на Албанците во Северна Македонија.

Премиерот на земјава, Христијан Мицоски на прашање за Сали кој треба да дојде на местото на Изет Меџити , истакна дека има добро мислење за него

„Јас кажав дека го познавам Беким Сали и дека имам мислење како личност. За структурни промени во Владата не сме збореле. Подготвен сум да зборувам. Но дека имаат нешто договорено со ВМРО-ДПМНЕ, нема такво нешто,“ изјави Мицкоски.

Извор: Локално

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести