СДСМ:Раководството и сите членови на Извршниот одбор поднесоа оставки, СДСМ внесува нова енергија

На денешната седница на Извршниот одбор на СДСМ, на предлог на претседателот д-р Венко Филипче, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациските секретари, како и сите членови на Извршниот одбор поднесоа оставки.


Оставките се поднесени до Централниот одбор на партијата и до претседателот Филипче, кој го води процесот на внатрешни реформи во СДСМ.


Со овој одговорен и морален чекор раководството на СДСМ отвори простор за ново поглавје.


Следува период на кадровско освежување и зајакнување,  вклучување и на нови лица, организациска поставеност, внатрешна мобилизација, за нова сила и нова енергија на СДСМ.


На една од наредните седници на Централниот одбор, претседателот Филипче ќе предложи избор за членови за органите на партијата а за функциите ќе се бираат најкомпетентни личности.


СДСМ, нова сила – нова енергија!