СДСМ:Српско сценарио: Список на задачи (‘to do’)

Што треба да се направи за мигрантите во Македонија кои веќе им се договорени да поминат незабележано, а во исто време да се земат пари преку кредит, кој ќе го враќаат идните генерации, децата на овој народ.

Список на задачи („to do“ ):

1. Најважно: Ископирај сè што прават Вучиќ и СНС во Србија. Значи, copy–paste. Не менувај ништо, никој нема да забележи.

2. Ќаци: Од тоа имате колку сакате. Полни се во ДПМНЕ а има и во ЗНАМ.

3. Ќациленд: Наскоро, кога ќе стигнат мигрантите – завршена работа!

4. Дијана Хркаловиќ, поранешна затвореничка, екс Државна секретарка на полицијата во Србија, а вие ја имате Катица Јанева, од поранешно обвинителството. Подеднакво добро. Таман да си го „отплати“ условното пуштање. Гледајте да ѝ го поништите процесот, како што Вучиќ ѝ направи на Дијана, па да можете да ја вратите на работа. Ќе биде најпослушна.

5. Сведоци на корупција: Најдете некој што по можност бил во затвор или крадел, како Боки 13 и уште некој од Србија (ќе ви треба да го „објасните“ извештајот на Европарламент па ќе кажете дека е поради овие од тука).

6. Напад на новинари: Најдете некој и после прогласете го за „луд“. Ова направете го веднаш по нападот, не чекајте. Како оној што пукаше во „Ќациленд“ во Белград. Сè препишете – завршено.

7. Обвинете ја опозицијата дека напаѓа медиуми преку институциите (по можност од Владата и преку некое здружение) – завршено.

8. Обвинете ја опозицијата за корупција, всушност обвинете ја за сè што го прави ДПМНЕ – по моделот на Гебелс: обвини ги другите за сè што самиот го правиш.

9. Претерувајте со тужби: Секојдневно.

10. Направете си свои медиуми: Тие веќе постојат уште од времето на Груевски. Само сега активирајте ги до максимум.

11. Објавувајте лаги и невистини – тоа го работите со години – завршено!

12. Зоран Заев, поранешен премиер – тука е, живее во Македонија. Човекот се повлече од политика и 5 години е во политичка пензија. Не е во Будимпешта. Сите веќе „заборавија“ дека овозможи слобода на говор, ги ослободи медиумите, ја внесе земјата во НАТО, обезбеди сигурност… Оној обид за негово убиство, и тоа одамна е „заборавено“, таму не треба ништо повеќе да правите. Што се однесува до него, плукајте го секојдневно, не мора ни да се трудите, веќе е оцрнет.

13. Тука недостига еден странец за да го наречете ова „Обоена револуција“ исто како Вучиќ, ама не можете, нема странци, освен ако не жртвувате некој ваш, а и тоа не е паметно, ќе се потсетат на Шарената револуција, кога падна Груевски.

Откако ќе ја поминете целата листа и сè е спремно, следниот чекор е јасен – сте го увезле и сте ја исполниле програмата од Белград.

Претставата може да почне!

„Таткото Вучиќ“ ќе биде презадоволен, бидејќи Србите сè уште не сфатиле дека и нив ги чека вакво „македонско сценарио“ со мигранти. ЕКСПО 2027 се приближува, ќе требаат „економски работници“ – помодерен израз за „легални“ мигранти, како што вели ДПМНЕ.

Порака од нас, опозицијата:

Падот ви следува наскоро, како и да го наречете! А можеме и да ви предложиме една формулација – демократска, мирна промена на системот напролет, токму тогаш кога Мицкоски, како што вети, ќе излезе од политиката. Таа ваша будимпештанска автократија си заминува – заедно со Орбан, но и со вашиот татко Вучиќ.

Поздравете го Груевски, да не мисли дека сме го заборавиле,  ниту него, ниту издржувањето на казната не е заборавено. Сега кога ќе му замине Орбан, нема каде да бега. Наскоро доаѓа авион по него.

Можеби дотогаш ќе стигне и новиот владин авион што го нарачале за бегање, кога ќе ни донесат мигранти и ќе украдат сè од буџетската каса, до последен денар.

Само нека проверат овие од најблискиот круг на Мицкоски колку седишта има новиот авион, за да знаат точно дали има место и за нив. Багажникот ќе биде полн – треба да се пренесе злато, кеш.

А за сите вас што останувате, а веруваме дека ќе мора да останете сите, ние ќе ви ги обезбедиме истите услови како што им ги планирате на мигрантите: сместување (не мора да градиме), храна и се што следува во Идризово. Пасоши не ви требаат, тие веќе ги имате.

Се надеваме дека нема да ви биде тесно. Сега има повеќе место – некои веќе излегоа, велат од СДСМ.

Најчитани вести