Поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 утре со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска,Урош Ѓурович, Љубица Георгиева, дел од улица Женевска и Васил Чакаларов.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности, информираат од ЈП Водовод и канализација.
МИА


