Синот на Трамп не губи време: По скоро една година, ја запроси убавата Бетина

По една година романса што започна додека неговата претходна врска одеше во заборав, Доналд Трамп помладиот и Бетина Андерсон решија да ја крунисаат својата љубов со свршувачка.
Доналд Трамп помладиот и Бетина Андерсон се верија по една година врска, дознава „Пејџ Сикс“. Најстариот син на американскиот претседател Доналд Трамп започна романса со атрактивната Бетина од Палм Бич минатата година, токму кога неговата врска со водителката и сегашна амбасадорка на САД во Грција, Кимберли Гилфојл, се ближеше кон крајот.
Во месеците што следеа, Трамп помладиот и Бетина покажаа дека навистина „се пронашле еден со друг“, а нивната врска со текот на времето стана толку силна што сега е крунисана со свршувачка.
Дека веста за свршувачката е вистинита и добро прифатена од семејството, потврдува и фактот дека американскиот претседател ја објави и свршувачката, повикувајќи го среќниот пар на говорницата за да ја потврди среќната вест за медиумите. Потврдувајќи дека повторно се жени, најстариот син на Трамп ѝ се заблагодари и на својата сакана што се согласила да му биде сопруга.


Тие не ја кријат својата среќа
Бетина е модел, инфлуенсерка и хуманитарка, а она што е најинтригантно е нејзиното блиско пријателство со Ванеса Трамп, поранешната сопруга на Доналд Трамп помладиот.

Нивната љубовна врска е откриена минатиот август за време на една лежерна прошетка во Палм Бич, а дури и тогаш странските медиуми тврдеа дека Кимберли Гилфојл наводно се обидела да „прогледа низ прсти“ со надеж дека ќе ја спаси врската, но Трамп помладиот не мислел дека има што да крие. Всушност, тој отишол дотаму што ја сместил својата нова избраничка на семејната трибина на републиканската конвенција, само еден ред пред Гилфојл, пишува tportal.hr.

Најчитани вести