Од 9 часот утре без вода ќе бидат дел од корисниците на улицата „Методија Андонов – Ченто“ кај Макпетрол во населбата Ченто, соопшти Центарот за управување со кризи на Град Скопје.
Прекинот е поради реконструкција на водоводна мрежа на улицата „Методија Андонов – Ченто“.
МИА


